Облачно време со повремени врнежи од дожд

Денеска променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд, а попладне со подолги сончеви периоди. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Утринските температури од 3 до 11, во Битола 8 степени, а дневните од 8 до 16, во Битола до 13 степени.

Утре претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачно, во западните и јужните делови со локални врнежи од дожд. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Сподели