Во текот на ноќта и утрово преовладува променливо облачно време со слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец.Минималната температура во Битола -1 степен. Од УХМР информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на некои од повисоките места и на планините врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 10 степени.
Во Битола со максимална дневна температура од 3 степени.












