ТЕРА

REKLAMA???

ОБЛАЧНО, ПОПЛАДНЕ СО ПОРОЕН ДОЖД

Од УХМР информираат дека денеска под влијание на циклонска активност ќе има врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат поројни и обилни (над 30 л/м2). Во југоисточните делови врнежите ќе бидат проследени со грмежи. На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите до крајот на денот ќе преминат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени, во Битола со максимална температура од 9 степени.

Утре претпладне ќе има локални врнежи, но ќе бидат со послаб интензитет, а во западните делови ќе провејува слаб снег.

Денес и утре ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната температура.