Утрово 3 степени на Попова Шапка, 6 Маврови Анови, Лазарополе, Крушево, 8 Крива Паланка, Берово, 9 Претор, Прилеп, 10 Охрид, Битола, Тетово, 11 Струмица, Штип, Куманово, Дебар, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 12 Скопје-Петровец, Демир Капија.
Најмногу дожд 35 л/м2 наврнаа во Берово, 28 Дојран, 21 Битола, 20 Виница, Крушево, 16 Штип, 15 Прилеп, Охрид, 13 Струмица, Тополчани, 12 Куманво, 11 Пожаране, Маврови Анови, Лазарополе, Тетово, 10 Попова Шапка, Дебар, 9 Крива Паланка, 7 Скопје Петровец, 4 Демир Капија.
Во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните и источните делови. Утрово и понатаму е облачно со локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Времето денеска претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени. Во Битола до 13 степени.












