ТЕРА

REKLAMA???

ОБЈАВЕН КОНКУРСОТ ЗА НАГРАДАТА „4 НОЕМВРИ“

Управниот одбор на Фондот за наградата „4 Ноември“ на денешната седница распиша Конкурс за доделување на наградата „4 Ноември“ на Општина Битола за 2022 година.

Според објавениот конкурс наградата се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природа како и други сегменти од животот, трудот и творештвото што претставуваат посебен придонес за развојот на општината, Република Македонија и светот.

Наградата се доделува во две категории: едногодишна за достигања во периодот од 1 август 2021 до 31 јули 2022 и награда за животно дело што претставува заокружена, континуирана творечка целина.

Според конкурсот наградата за првата категорија се доделува на правни и физички лица, додека пак наградата за животно дело се доделува само на едно физичко лице. Наградата за правни лица се доделува во вид на диплома, за поединци во вид на диплома и паричен износ, а наградата за животно дело се доделува во вид на диплома и паричен износ.

Право на предлагање кандидати за наградата имаат правни лица, здруженија на граѓани, група граѓани и поединци.

Како што се наведува во конкурсот, предлогот треба да биде детално образложен во писмена форма, во 10 примероци, а за кандидатите поединци да содржи и кратка биографија.

Кон предлогот за доделување на наградата за печатени и снимени творби, се приложува и еден примерок од нив.Конкурсот трае од 20 септември до 20 октомври 2022

Предлозите се поднесуваат до Управниот одбор на фондот за наградата „4-ти Ноември“ на Општина Битола.