Во организација на Комуната на Власите и Кино клубот „Милтон Манаки“ се одбележаа шеесет и првата годишнина од смртта на првиот балкански снимател Милтон Манаки. Годинава оттаму пораката, чествувањето на делото на браќата Манаки да се одвива во континуитет.

Слика од екран; Милтон Манаки во документарец на МРТВ
Свежо цвеќе на почивалиштето на големиот снимател денеска положија претставници на Општина Битолоа, Конзулката на Грција во Битлла , почесниот конзул на Романија во Битола,, претставници на Комуна на власите, Кинотека на Македонија, партијата на Власите во Македонија и кино-клубот „Милтон Манаки“ .
„Денес се навршуваат 61 година од упокојувањето на Милтон Манаки и дојдовме да оддадеме достојна почит, заедно со претставници на Општина Битола, Здружението „Комуната на Власите“ и Кино клубот, како и дипломатските претставништва на Република Грција и Република Романија, Кинотека на Македонија и други институции и организации, кои изразија желба да положат цвеќе и да ја дадат својата почит кон Милтон, кој навистина, според мене, колку што е заслугата на Јанаки, заслугата на Милтон е уште поголема, затоа што во едни турбулентни времиња, тој успеа да ги сочува сите овие материјали, кои денес се чуваат дел во Кинотеката на Македонија, тоа е филмскиот материјал и дел во архивот, каде што се чува најголемиот фотографски и друг материјал, којшто секако претставува едно огромно културно богатство за Република Македонија. Материјалите се во фаза на целосна дигитализација, така што ќе може секој граѓанин да пристапи, да види и да истражува, што навистина оставиле Браќата Манаки, за нас навистина големо културно богатство“, изјави Стефан Хаџи Андоновски од Здружението „Комуната на Власите“ и Кино клубот „Милтон Манаки“.
Низ фоторафијата и филмските ленти од камерата Биоскоп 300 на новите генерации им е оставено автентично сведоштво за Младотурската револуција, посетата на 35от отомански султан Мехмед Решат Петти, Балканските војни, Првата светска војна и Втората светска војна, за оваа последната низ фотографиите од историското влегување на ослободителната седма битолска бригада. Дали Битола достојно се сеќава на браќата и на нивното дело?
„Не. Освен двата фестивали коишто се организираат – големиот „Браќа Манаки“ кој е во организација на Друштвото на филмски работници ( иако неправилно е постапено) и фестивалот кон ние го организираме „Камера 300“, тоа се двете чествувања. Други чествувањња немаме. Киното ( насловено според Манаки) е од поново времеи споменикот на Милтон Манаки. Се поведе иницијатива и да се направи споменик и на Јанаки Манаки…. За тоа-потоа, ќе видиме. “ – вели Стефан ХАџи Андоновски од кино клубот.

Слики од Збирка Фонд 580 од Државен Архив-Битола
Оценката на господинот Стефан Хаџи Андоновски е во смислата на континуирана едукација и промоција на секој аспект од животот на славните браќа, не само како учење за културното наследство туку и како промоција на градот, сегментите кои завлегуваат во туристичката индустрија. Веќе има и една иницијатива.
„Еве ќе ви кажам за една иницијатива. Годинава се навршуваат 120 години од камерата . Па, ајде да организираме еден симпозиум, една трибина, јас веќе разговарав со Кинотека и Државниот Архив, 120 години од доаѓањето на камерата 300 односно „Биоскоп 300“ во Битола. Би требало, се надевам дека ќе направиме во текот на пролетните месеци.“
Во својата изјава Стефан Хаџи Андоновски рече и дека ќе се ангажира колку што може, како свој последен напор.
„Еве јас веќе 60 години ги организирам овие чествувања. Не можам. Млади нема, никој не се нафаќа, па ќе оставам аманет некој да го продолжи тоа дело. “
Десеттина години пред смртта Милтон Манаки на битолскиот архив им остави 1500 метри филмски материјал, илјадници стаклени негатив плочи, филмската камера „Биоскоп 300“ којашто неговиот брат Јанаки ја донел од Лондон, проекционен апарат од тоа време, 8 фотографски апарати, 6.000 негатив плочи, 1000-2000 делови од плочи, поголем број фотонегативи, фотографии од разни формати, преписка, дипломи и друга документација. Добар дел од нив се составен дел на различни научни истражувања и документаристика, добар дел допрва треба да ги откријат своите приказни.












