ТЕРА

REKLAMA???

ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ВОЛОНТЕРСТВОТО

Националната награда „Златен сертификат за волонтерство во 2022 година“ што од 2006 година, традиционално ја доделува Младински културен центар – Битола годинава отиде во рацете на Димче Каневче, активист хуманитарец и волонтер од Охрид. 30 години поддржува институции за стари лица и за деца, поддржува семејства и поединци, подава рака секаде каде што е потртебно , а за каузата обединува бизниси и поединци од цела држава.

„Јас сум многу изненаден од повикот на МКЦ кога ми ја соопштија веста, меѓутоа ми значи многу затоа што цел живот волонтирам и покрај сите професионални обврски посебно последниот период сум активен волонтерски во спроведување на хуманитарни акции за социјално загрозени лица и општо за сите различни категории кои се справуваат со секојдневното живеење. Ми значи наградата како еден поттик, лично сакам кога некој ќе ми изрази благодарност на било каков начин“, рече Каневче.

По повод 5-ти декември меѓународниот ден на волонтеррите МКЦ Битола во склоп на проектот Локален волонтерски сервис Битола организираше јавна дискусија на тема „ Волонтирање на фестивали волонтирање во заедницата“.

„Целта на дискусијата беше да се разговара за предизвиците и трендот на младите да волонтираат на фестивали и да се дискутираат различните методи и алатки кои можат да ги мотивираат младите како да се активираат во волонтирање во заедницата. На дискусијата беа презентирани искуствата на граѓанските организации, општина Битола, јавни институции и волонтери за ангажман на волонтери во своето работење. Беше истакната заложбата за унапредување на системот за квалитетен волонтерски менаџмент во организациите како основа за подолгорочен ангажман на волонтерите и нивно задржување за волонтирање во заедницата“, изјави Златко Талевски, извршен диртектор на МКЦ Битола.

Дискусијата се одржа во рамки на проектот „ Локален економскиусервис Битола“, кој МКЦ го имплементира во партнерство со СФЕРА Интернешанал, а се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демокртатија во Западен Балкан , финансиран од ЕУ, а го спроведува Програмата за развој на ОН  во партнерство со Општина Битола.

„Денешната тема за нас како граѓански организации е многу опиплива. Сакаме да иницираме да се развие повторно волонтерството кај младите во заедницата. Тука на едно место ги имаме собрано организаторите на волонтерска работа како што се граѓански организации, институции, општината, училиштата да ги кажиме кои се предизвиците со кои се соочуваме и како да ги мотивираме младите повторно да се вклучат во волонтирањето во заедницата“, изјави Марија Мерковска- Крушаревска, координатор на проектот.

Сертификат и за Кромберг и Шуберт.