ТЕРА

REKLAMA???

ОДБЕЛЕЖАН НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА СЛОВЕНИЈА ВО БИТОЛА

Словенечкото здружение „Триглав“ – Битола,  со богата културна програма го одбележа Националниот ден на Р.Словенија. На присутните им се обрати претседателката на здружението, Тања Франц, која ги поздрави гостите, градоначалникот на Битола Тони Коњановски, членовите на здружението и останатите.

Ова здружение, брои повеќе од 70 членови, а поттик за формирањето на словенечкото здружение во Битола и визијата за неговата работа дале ентузијастите, меѓу кои бил и тогашниот почесен генерален конзул на Република Словенија во Македонија, во месец октомври 2007 година. Од особена важност за Словенечкото здружение била посетата на делегација од Канцеларијата за Словенците ширум светот на почетокот на 2008 година и нивната поддршка, што им даде поттик за понатамошна работа.

Во делот на културната програма настапи хорот при Словенечкото здружение „Триглав“ – Битола, под диригентска палка на Марина Коруновска, како и гостите од Р.Словенија, Младинскиот пејачки хор „ОУ Комен“ и Машкиот пејачки хор „Франц Згоник Браник“.

Словенечкото здружение „Триглав“ – Битола, повеќе години е активен промотор на македонско-словенечкото пријателство и култура и претставува амбасадор на добра воља и соработка помеѓу Македонија и Словенија. Оваа година тие одбележуваат 17 години постоење. Програмата за работа на здружението е многу обемна, активностите вклучуваат: меѓусебно запознавање, дружење и взаемна помош, создавање социјални и културни врски со Словенија; учење и усовршување на словенечкиот јазик, запознавање на обичаите и традициите, културното наследство и историските вредности; организираат добротворни кампањи; културни средби, ја поттикнуваат словенечката културна активност со театарски и фолклорни танцови настани, изложби, дизајн на библиотека и реставрација на збирки книги, како и со организирање на литературни вечери и пејачки претстави од Словенија.


Посебен акцент во работата на здружението е токму формирањето на хорот „Триглав“. Преку песната, хорот ја негува убавината на словенечкиот јазик, словенечките песни и култура.