ТЕРА

REKLAMA???

ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНАТОТ НА ООУ„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ БИТОЛА

КИЦ. Битола беше домаќин на училишната манифестација во чест на историска личност од македонската историја. Имено по повод патронатот на ООУ. „Гоце Делчев“, се одржа  свечена Академија, со изложба на училишни цртежи, на најуспешните ликовни цртежи на учениците посветени на Гоце Делчев, беше изведен рецитал и музичка програма која  ја одбележа 120 годишнината од загинувањето на великанот на македонската борба за слобода Гоце Делчев.

Присутните ги поздрави директорката на ООУ „Гоце Делчев“ Наташа Ставревска.

Во чест на одбележувањето на денот на загинувањето на Делчев, генерации на ученици ја продолжуваат традицијата на чествување на овој голем лик. Настапи и училишниот хор под диригентска палка на проф.Марија Арсиќ, а беше прикажан и краткометражниот филм „Училишниот живот“.