ТЕРА

REKLAMA???

ОД ВЕЧЕРВА ПОЧНУВА ЗАБРАНАТА ЗА МОТОРНИ ВОЗИЛА

Од Општина Битола информираат дека поради отпочнување на спроведување на одлуката за означување на условите и утврдување на режимот на сообраќај во централното градско подрачје, во периодот 10.06.2025 (вторник) до 10.09.2025 во терминот од 19:00 до 00:00 часот, се забранува моторниот сообраќај со поставување на физички препреки на спојот на улицата „Димитар Илиевски Мурато” и улица „Широк Сокак”, со што се овозможува безбеден пешачки сообраќај.