Брзата и точна дијагноза на промените кои се направиле во органите на човекот е многу важна за навремено лекување до излекување од различните болести. Во тој процес радиодијагностиката има важно место, а компјутерската томографија е медицинска дијагностика што ја избираат сите лекари.

Битолчани од овој месец може да ги користат услугите на брза навремена комјутерска томографија во болницата Плодност. Тие денеска објавија дека ја прошируваат дејноста со најновиот апарат за комјутерска томографија Siemens Healthineers Somatom go. Со објаснување дека тоа е дел од проширените просторни и медицински услуги Плодност најавува дека сите пациенти кои имаат здравствени проблеми со стомакот, градниот кош, проблеми со и од главата, синусите или пак екстремитетите може да направат компјутерска томографија токму кај нив. Снимањата може да бидат контрастни или нативни.

Поимот „компјутерска томографија“се однесува на компјутеризирана процедура за снимање на рендген во која тесен зрак од рендген е насочен кон пациентот и брзо се ротира околу телото, произведувајќи сигнали кои се обработуваат од компјутерот на машината за да генерира слики со попречен пресек или „парчиња“.
КТ скеновите се подетални од стандардните рендгенски снимки. Во стандардните рендгенски снимки, зрак на енергија е насочен кон делот од телото што се проучува. Плоча зад делот од телото ги доловува варијациите на енергетскиот зрак откако ќе помине низ кожата, коските, мускулите и другите ткива. Иако многу информации може да се добијат од редовното рендгенско снимање, многу детали за внатрешните органи и другите структури не се достапни.

Во КТ, зракот на Х-зраци се движи во круг околу телото. Ова овозможува многу различни погледи на истиот орган или структура и обезбедува многу поголеми детали. Информациите за рендген се испраќаат до компјутер кој ги толкува податоците од Х-зраците и ги прикажува во дводимензионална форма на монитор. Поновата технологија и компјутерскиот софтвер овозможуваат тридимензионални слики.
Во државата има 14 компјутерски томографи во јавното здравство од кои само во три се работи соодветно на намената, со навремено читање на резултатите. Оттука населението се повеќе се врти кон приватните здравствени установи кадешто проблеми со читањето на резултатите воопшто и нема.
Од „Плодност“ акцентот го ставаат на брзината и прецизноста на оваа медицинско-дијагностичка метода,која велат претставува ефективна, неинвазивна метода за дијагностика и контрола на патологии во различни делови на човековото тело.












