ТЕРА

REKLAMA???

ОД ДЕНЕСКА КОРЕКЦИЈА НА АСФАЛТОТ НА КРУЖНИОТ ТЕК

Општината денеска соопшти дека започнуваат работните активности за корекција на недостатоците на асфалтот кои се појавија на кружниот тек кај „Ветеринарната станица“.

Во соопштението се наведува дека како што најави и претходно градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, корекциите кои вклучуваат гребење на афалтот и преасфалтирање, ќе бидат извршени на трошок на изведувачот.

Додека траат работните активности, сообраќајот на овој дел од улица „Прилепска“ и „Баталјон Стив Наумов“ ќе се одвива согласно воспоставениот времен режим на сообраќај.

Фотографијата е од 21.11.2023 година