ТЕРА

REKLAMA???

ОД ПЕТОК СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ ПЛАНИНИ

Утре ќе преовладува облачно и посвежо време, а почнувајќи од северните и северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на денот ќе се прошират насекаде.

Врнежите локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, а наместа ќе наврнат и над 20л/м2.

Преодно стабилизирање на времето ќе има во четврток.

Од петок попладне под влијание на нов влажен и постуден бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег.

Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец.