ТЕРА

REKLAMA???

ОД ПОЛНОЌ НАМАЛУВАЊЕ ОД 2,5 ДО 3 ДЕНАРИ

Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,39%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 105,50 ден/лит. 

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра леснотомасло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 108,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува исто така 101,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 99,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,085 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 51,564 ден/кг. 

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 105,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 108,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 101,00 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 99,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 51,564 (денари/килограм)