ТЕРА

REKLAMA???

ПОСКАПУВААТ ХРАНАТА И ГОРИВАТА  – ВЛАДАТА НЕ ГИ ПРОДОЛЖИ АНТИКРИЗНИТЕ МЕРКИ

Владата денеска одржа седница, но на неа не станало збор за пролонгирање на антикризните мерки. Со тоа од полноќ истекува важноста на мерките коишто беа донесени во март за ублажување на ефектите од економската криза и се отвара простор за вртоглав раст на цените на храната, горивото, акцизите и ДДВ-то.

Со истекувањето на времената владина антикризна мерка со која во период од три месеци беа намалени ценитена горивата, акцизите и ДДВ-то, од полноќ цените на дериватите би можеле драматично да рипнат. Од утре стапката на ДДВ-то се враќа од 10 на 18 % при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и акцизата од 2 денари на нафта и нафтени деривати, со што се очекува значително да поскапат бензинот и нафтата.

Од утре се очекува поскапување на горивата до 10 денари со оглед на тоа што повеќе нема да има намалено ДДВ за течни горива.

Данокот се враќа на лебот, брашното и маслото за јадење, како и маржите на другите основни производи меѓу кои се млекото, месото, јајцата, оризот, сирењето и други… Со враќањето на данокот од 5%, проценките се дека маслото за јадење ќе добие повисока цена од најмалку 7 денари, брашното за 3, а лебот од 3 до 6 денари.