ТЕРА

REKLAMA???

ОМАЖ ЗА ГРАФИЧАРОТ ЃОРЃИ ЧУЛАКОВСКИ ВО БИТОЛА

Во КИЦ во Битола се одржа поетски омаж за творештвото на графичарот Ѓорѓи Чулаковски Ѓото. Авторот уметник секогаш е во комуникација со својата публика, секогаш поттикнува и инспирира. Овој проект ја потенцира вечноста на уметникот и неговата врска со оние кои ќе се најдат „очи во очи“ со неговите дела.

На  панел дискусијата и дебатата, средбата, директорката на ЈОУ КИЦ – Битола, д-р Лили Бошевска најави творечка работилница со млади поети од Битолскиот книжевен круг и пошироко кои инспирирани токму од ликовното творештво на уметникот ќе создаваат поетско творештво во периодов кој следува, кое ќе биде соодветно објавено и промовирано во КИЦ – Битола.

Чулаковски беше еден од најпознатите македонски графичари, со нов уметнички дух, кој со својата виртуозност и техничка перфекција која ја пренесуваше на младите генерации преку педагошката дејност, успеваше да ја збогати комплексната слика на уметноста на нашето време.