ТЕРА

REKLAMA???

ОСКАР НА ХУМАНОСТА НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА

Државна лотарија со гордост објавува дека е во редот на добитници на признанието Оскар на хуманоста, коешто за првпат го воведува Црвениот крст и Црвената полумесечина, во име на благодарност за континуитет во соработката со компании и поединци ‒ пример за општествена одговорност.

Државна лотарија, ги препознава заложбите на вработените и волонтерите коишто со искрен самопрегор деноноќно работат во име на хуманоста под знамето на Црвениот крст и Црвената полумесечина, и веќе години со ред е поддржувач на нивни бројни активности.

Како општествено одговорна компанија, Државна лотарија, помагаше директно, со финасиски средства, со ангажирање на свој тим, но и со вклучување на учесниците во игрите на среќа во различни проектни или континуирани хуманитарни активности. Меѓу нив е тимската работа со креативни работилници со деца со дијабет и со оштетен вид од социјално загрозени семејства и помош да се набават за нив потребните звучни апаратчиња за мерење шеќер во кртва, во организација на крводарителски и во реализација на други бројни активности.

За одбележување е масовната и континуирана хуманитарната акција КРУГ НА СРЕЌА И СОЛИДАРНОСТ, којашто во континуитет се одвиваше во тек на 2-годишен период, за време на светската пандемија КОВИД-19, во којашто беа опфатени лица од најранливата група граѓани, немоќни лица и лица на возраст над 60 години, потенцирајќи дека треба да сме единствени во борбата за здравјето на секој поединец од нашето општество затоа што здравјето е предуслов за среќа.

Со ваквите активности Државна лотарија ја потврдува својата мисија на општествено одговорна компанија, изразувајќи благодарност до Црвениот крст и Црвената полумесечина за препознавањето на искрените и континуирани заложби на тимот на команијата, но и благодарност за дадената можност за соработка и придонес за доброто на заедницата преку соработка на организирани и транспарентни активности со јасни цели и видливи резултати ‒ мерливи низ насмевки, благодарност, добрина.