ТЕРА

REKLAMA???

ОСМАНИ ВО ПОСЕТА НА УКРАИНА

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во својство на претседавач со ОБСЕ во рамките на денешната посета на Украина, го посети градот Бородјанка во киевската област кој е силно погоден од воените дејствија.

„ Денес го посетив градот Бородјанка во киевската област кој е силно погоден од воените дејствија. Пустошот предизвикан од воената агресија врз Украина длабоко ме потресува. Уништувањето на виталната инфраструктура и страдањето на украинскиот народ мора да запре.

Потребна е итна акција за да се стави крај на ова безумие и да се обезбеди помош за оние на кои им е потребна. Страдањето мора да престане, а потоа да ги обновиме овие уништени области“ рече Османи во градот Бородјанка.

Ова е прва официјална посета на министерот Османи како претседавач со ОБСЕ. Средбите на министерот Османи ќе се фокусираат на хуманитарните и безбедносните предизвици со кои се соочува земјата поради тековната војна на Русија против Украина.

Утрово Османи објави фотографии од пристигнувањето во Киев.

„Тукушто пристигнавме во Киев, прва работна посета во рамки на Претседавањето со ОБСЕ. Ќе одиме на терен да ги посетиме областите погодени од воените дејствија и директно да се сретнеме со луѓето на терен. Ќе оствариме и бројни средби со високите државните претставници на Украина. Состојбата во Украина, со посебен фокус кон луѓето на терен – еден од главните приоритети на ОБСЕ 2023“ вели Османи.