ТЕРА

REKLAMA???

„ОСТАВИ ТРАГА ВО БИТОЛА“-ДОЈДИ И РАСКАЖИ ЈА ТВОЈАТА ПРИКАЗНА

Вечерва во паркот пред Офицерскиот дом во Битола од 19:00 часот ќе се одржи дебата на тема „Еднаква. Своја. Успешна“.

На дебатата ќе говорат Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Бисера Костадиновска Стојчевска, министерката за култура, проф. д-р Ангелина Станојоска, професорка, УКЛО,  Маја Атанасовска, женска трка “Биди своја”, Мартин Ангелов – сопственик на кафуле „Улаф“,
Дарко Беровски, дигитална платформа „Спознавање“, а поздравно обраќање ќе има Марија Андреева, проектнa раководителка, Совет на Европа (CoE).

Ќе настапат женската музичка група „Шербет“, уметничко изразување со дел од студентките на ИБУ и „Среќа“ во изведба на Интимен театар Битола

Овој настан е кофинансиран со средства од заедничка програма на Европската Унија и на Советот на Европа.