Вака ги пречекаа своите соученици кои дојдоа од 9 различни земји од светот, во рамки на проектот „Роботиката вчера, денес и утре“ за справување со климатските промени. Домаќин е ООУ „Климент Охридски“ од Битола. Ова е Четврта мобилност на училиштето од Еразмус Проектот ,,Роботиката вчера, денес и утре”. На мобилностите, учениците преку практични активности изработуваат роботи и ја совладуваат компјутерската техника за програмирање на истата. Училиштето уште од најрана возраст ги подготвува учениците за чекорење во современиот свет во кој живееме, рекоа координаторите на проектот Гордана Анастасова и Виолета Стевановска.

Присутните гости ги поздрави и директорот на училиштето Предраг Созовски.

На сите координатори од 9-те земји од светот во знак на благодарност за заедничкото учење, дружење и развивање на вештини им беа доделени плакети.












