„Сакам да им порачам на сите борци против мултиплекс склерозата, да не се кријат повеќе, нека мс не биде повеќе табу тема. Да размислуваат позитивно и да го живеат најдобро својот живот. И во никој случај да не ги слушаат гласовите во нивната глава. Слушајте го срцето и борете се за вашите соништа. Борбата во животот се исплаќа. “, вака ги поздрави присутните во Офицерскиот дом на официјалната промоција на сцојата книга авторката Сања Поповска. Таа е инспирација за многу жени кои како и неа, се борат со мултиплекс склерозата.

„Портокаловата марама“, е насловот на најновата нејзина книга, продолжение на романот„Девојката со портокалова марама“. Првата книга на Поповска беше збирката раскази ,,Подарок за ангелот“.
Во книгите на Поповска се пронајдоа сите борци во борбата со мултуплкекс склероза, кои собрале храброст да и пишат на Поповска, да се сретнат со неа и да разменат искуства. Пораката што сака да ја упати до сите борци е да не се откажуваат од животот, да не ја губат волјата, да не ја одбиваат поддршката од најмилите, да ја прифатат реалноста и да бидат позитивни. Нејзиниот роман стана движечка сила меѓу лицата со мултиплекс склероза.
Таа истакна дека и новото дело им го посветува на сите жени лавици кои во изминатите години ги сретнувала низ болниците. Главен лик во книгата е Ања. Во првиот дел, каде и започнува се, таа е обична девојка, битолчанка, која има свои мечти и цели во животот. Во вториот дел од романот, односно во ,,Портокаловата марама“, таа се помирува со нејзината болест, дури и работи како психолог. Инспирацијата за книгата била од самите читатели.
После првиот роман, ,,Девојката со портокалова марама“, таа со уште неколку членови формира здружение ,,Гласно за МС,, – Битола. „Еден од најголемите проекти за кој се бориме и најискрено се надеваме дека ќе успееме е терапиите кои се примаат исклучиво во Скопје, да се примаат и во Битола. Затоа апелирам, како претседател на здружението ,,Гласно за МС,, – Битола, сите кои страдаат од мултипна склероза, да се приклучат кон нашето здружение бидејќи колку ве имаме повеќе како членки , толку се поголеми шансите нашите идеи да станат реалност“.
За пишувањето вели дека и помага полесно да се справи со оваа болест.
„Пишувањето е моја страст уште од мали нозе. Кога пишувам се исклучувам од реалноста и влегувам во некој сосем поинаков свет, соживувајќи се со секој лик од мојата приказна. Во тој свет, сум комплетно здрава и доволно моќна да направам се“.
Неда Маретиќ












