ТЕРА

REKLAMA???

ОЈО БИТОЛА ПОБАРА ПРИТВОР ЗА БЕГАЛЕЦОТ ОД БИТОЛА

Основното јавно обвинителство денеска информира дека е поведена постапка против едно лице за кривичното дело – телесна повреда, од член 130 став 2 во врска со став 1 од кривичниот законик. Осомничениот на 10-ти ноември во неговиот дом, телесно ја повредил неговата девојка. По расправија започнал да ја дави и со тупаници и шлаканици ја удирал по главата и телото.
Јавниот обвинител до судот достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, особено имајќи предвид фактот дека тој , откако дознал дека е пријавен, избегал од полициска станица. Ова, според јавниот обвинител укажува на неговата решеност да го избегне кривичниот прогон, што претставува ризик за непречено водење на постапката.
И полицијата и обвинителството го товарат осомничениот за сериозна закана со напад врз животот или телото на друго лице, кога заканата е упатена во контекст на родово засновано насилство, насилство врз жена или семејно насилство.
Според законите во државава, во овој случај во тек се две постапки-граѓанска во која на осомничениот му се изрекуваат времени мерки за забрана за приближување, а паралелно се спроведува обвинителската истрага пред конечната одлука на судот за поведување кривична постапка.