ТЕРА

REKLAMA???

ПАВЛОВСКА ПРАШУВА ЗОШТО КОЊАНОВСКИ ГИ ОДБИВА АМАНДМАНИТЕ ЗА ЖЕНСКИОТ СПОРТ

Советот на Општина Битола на последната седница едногласно ги прифати трите амандмани што ги предложи советничката група на СДСМ за финансиска поддршка на женскиот спорт во Битола. Со амандманите побаравме од градоначалникот Тони Коњановски да се издвојат 500.000 денари за женскиот Ракометен клуб Пелистер, 500.000 денари за женскиот фудбалски клуб Атлетико и 500.000 денари за женскиот фудбалски клуб Топ гол, рече денеска на прес конференција Јадранка Павловска, советник од СДСМ.

„Во Советот на Општина Битола многупати се зборува на тема спорт, ама дискусиите најчесто се насочени кон битолските клубови во машка конкуренција. Со овие амандмани сакаме да го свртиме малку вниманието и кон женските спортски клубови. Во нив тренираат девојчиња од Битола кои заслужуваат да ги добијат истите можности што ги имаат и клубовите во машка конкуренција. Затоа побаравме од градоначалникот вкупно милион и пол денари за трите женски спортски клубови Пелистер, Атлетико и Топ гол!

Милион и пол денари се околу 24.400 евра. Тоа е смешна сума на пари за град како Битола кој располага со буџет од над 33 милиони евра. Но, и овој скромен износ на средства кои ќе значат многу за женските спортски клубови, за градоначалникот Тони Коњановски е многу. Нема пари за овие амандмани, вели градоначалникот на Битола! Коњановски нека каже која е причината што ги одбива амандманите за финансиска поддршка на женскиот спорт во Битола! Има нешто против женскиот спорт или општинската каса е тантела? Или и двете работи заедно?

Го потсетуваме уште еднаш градоначалникот Коњановски, а ја потсетуваме и јавноста дека буџетот на општината го предлага градоначалникот, после расправата и гласањето на амандманите од советниците во Советот. Градоначалникот е должен, заедно со службите од општината да ги распредели по ставки и програми проектите што ги гласаат советниците, да ги зголеми ставките за капитални објекти за сметка на разни трансфери, договорни услуги и други ненаменски трошења. Буџетот, таков каков што е во моментов, Коњановски намерно ќе го прати во Министерството за финансии. Таму ќе го одбијат оти е скроен погрешно, како што е погрешно се што прави Коњановски две години откако е градоначалник. За две години потрошени се над 50 милиони евра, а Битола пропаѓа. Кога и да раководи ДПМНЕ со Битола, на градот му се случува катастрофа“ рече советничката Павловска.