ТЕРА

REKLAMA???

ПАРТИЈАТА „ПОДЕМ“ ВО БИТОЛА ГО ОДРЖУВА ЧЕТВРТИОТ КОНГРЕС

Денеска Партијата на обединети демократи на Македонија-ПОДЕМ во салата на Народниот театар во Битола го одржува четвртиот конгрес, на кој ќе се изберат новите раководни тела.

Пред делегатите се изборот за претседател на партијата и членови на Надзорниот и Централниот одбор на ПОДЕМ.

Пред почетокот на работниот дел на конгресот на присутните им се обрати градоначаникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, а меѓу другите гостите беше и градоначалникот на Битола Тони Коњановски, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски, како и претставници на други политички партии.

ПОДЕМ е дел од Советот во Општина Битола, како дел од коалицијата со ВМРО ДПМНЕ.

Поздравен говор одржа претседателот на партијата Живко Јанкуловски, кој како што рече очекува реизбор на овој конгрес.

Во изјава за медиумите Јанкуловски истакна дека трите теми на кои во наредниот период партијата ќе биде фокусирана се справувањето со енергетската криза и кризата предизвикана од војната во Украина, како и како што рече потребата од предвремени парламентарни избори во Македонија.