Пелагониското поле под вода.
Под вода е цел атар на битолското село Меџитлија. Граешка река и помали канали се излеаја и направија голема штета на земјоделските имоти на жителите. Состојбата е повеќе од загрижувачка, велат мештаните од Меџитлија.

Тие се очајни бидејќи се што имаа посадено во есенската сеидба го однесе водата.
Пелагониското поле е едно од најголемите и најплодните полиња во цела Македонија.

Обилните врнежи од дожд освен во Битолско, предизвикаа излевања на реки и поплави во Крушево, Ресен, Штип, Охрид, Кичево, и Тетово. Центарот за управување со кризи апелира на внимателност.

Обилните врнежи од дожд на територијата на Македонија предизвикаа зголемен водостој на реките и локални поплави, при што надлежните служби интервенираат во повеќе региони. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека состојбата се следи 24 часа, а граѓаните треба да се движат внимателно, особено во ризичните подрачја.


„Состојбата со водостоите е динамична, интервенираме на терен со механизација, пумпи и опрема за обезбедување на патните правци и објектите што се загрозени. Апелираме до граѓаните да ги следат упатствата на надлежните и да избегнуваат ризични локации-велат од Центарот за управување со кризи.


















