ТЕРА

REKLAMA???

ПЕЛИСТЕР ЈА ДОБИ МАЈСТОРКАТА СО ФЕНИКС 2010 И ЗАКАЖА ПОЛУФИНАЛЕ СО ТФТ

Прва лига
Плеј-оф
Четвртфинале:
КК Пелистер – Феникс 2010 81-56 (2-1 во серијата)

Последен учесник во полуфиналето на плеј-офот за шампионската титула е екипата на Пелистер, која во третиот и решавачки натпревар, беше подобар од Феникс 2010, благодарение на одлично одиграната трета четвртина, која битолчани ја решија во своја корист со високи 26-11. На крајот екипата на Марјан Илиевски славеше со 81-56.

На крајот, сите пет стартери во екипата на Марјан Илиевски имаа десет и повеќе поени. на другата страна пак Хот заврши како двоцифрен во бројот на поените – 22, но и во скоковите – 11, а по десет реализации на простувањето со оваа сезона, допишаа уште Митревски и Јанески.

Со оглед на подобриот стартен број, „пелистерци“ ќе ја имаат предноста на домашен терен, додека пак втората полуфинална двојка ја сочинуваат вечните ривали во македонската кошарка, екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.