Кошаркарите на Пелистер ја забележа и четвртата победа на петтиот натпревар од АБА2-лигата, откако македонскиот вицешампион славеше против Горица со резултат 100-91.
Противникот влезе без ниту еден триумф во овој меч, но изненади со одлично издание, што сепак беше недоволно за да бидат изненадени „пелистерци“, кои со оваа победа одржуваат приклучок кон врвот на табелата во регионалното натпреварување.
Карутерс и Хаџифејзовиќ го завршија натпреварот со по 24 поени, додека Караџовски уфрли 22 поени.












