КК Пелистер – Крка Ново Место 88-102
Екипата на Пелистер не ја искористи првата шанса да се најде и дефинитивно во најдобрите осум екипи од регионалното натпреварување кои ќе одлучуваат која од нив, догодина, ќе игра во друштвото на најдобрите, во АБА лигата. Вечерва, подобри од нив беа кошаркарите на Крка. Дефанзивата беше сериозен проблем за екипата на Пелистер. Од самиот старт на натпреварот битолчани никако не успеваа да ја наместат одбраната. „Зелено-белите“ од Ново Место имаа сјаен „влез“ во мечот во кој победникот скоро сигурно обезбедува пласман во плеј-офот од АБА2 лигата.
Хаџифејзовиќ постигна 23, Маслинко 21. поен, а „двоцифрени“ во нашата екипа беа уште Карпентер и Карутерс кои имаа по 13 реализации.












