ТЕРА

REKLAMA???

ПЕТ НОВИ ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој 2022-2023 на Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој ќе реализира 5 нови регионални проекти.

Проектите ги опфаќаат сите општини од Пелагонискиот плански регион и согласно приоритетите на регионот со проектите ќе се изврши:

-Подобрување на социјалната инклузија преку изградба на инфраструктура за спорт и рекреација во руралните средини;

-Изградба на инфраструктура за заштита на животната средина;

– Зајакнување на технички капацитети на ЈКП;

– Подобрување на патна инфраструктура;

– Зајакнување на институционални капацитети за подобрување на социјалните услуги.

Реализацијата на проектите ќе се одвива во текот на 2023 година.