Битолската ВМРО ДПМНЕ организираше трибина на тема „Повратен билет, ќе се вратиме ли дома?“.

Беше решено дека неопходни се демографски, образовни, социјални и економски политики, во формалното и во неформалното образование, младите низ образовниот процес да се стекнуваат со знаења и со вештини што му се потребни на бизнис-секторот и кои се веднаш применливи, потребни се и добро дизајнирани обуки, како и програми за доквалификација и за преквалификација на младите што го завршиле формалното образование и кои се невработени.
“Младиот човек во Европа, Германија, Шпанија, Франција се бори за нови научни достигнувања, за нови успеси во роботиката, претприемништвото и ит индустријата, младиот човек од Македонија се бори за пристоен оброк во студентски дом. Тоа е колективниот неуспех на нашето општество. Младите ќе се најважниот фокус, не само преку проекти туку и преку политики кои ќе ги имаме. Мораме да ја обезбедиме нивната иднина преку слушање на нивниот глас за нивните потреби“ беше речено на трибината.

Говорникот на трибината Лазар Јовевски- редовен професор на Правниот факултет во Скопје го прашавме што е потешко денеска да ги вратиме луѓето од странство или да спречиме други да заминат?

Тој вели дека последните истражувања чии резултати ги има, а се работи за незвисни анкети, велат дека 67 проценти од младите во Македонија размислуваат да си заминат.
Присутните на трибината ги поздрави градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претседателот на битолсата ВМРО ДПМНЕ Пеце Милевски., кој рече дека дека идната влада предводена од ВМРО ДПМНЕ сериозно ќе работи во интерес на младите.
Организаторити на трибината беа Комисијата за труд и социјална политика и униите на жени и на млади на ВМРО ДПМНЕ.












