Вечерва повторно се одржа протест во Битола за Јана која почина во Болницата во Битола. На протестот ги повикаа надлежните јавно да одговорат на прашањата на стручната и нестручната јавност за смртта на шестгодишното девојче.

„Јавен настап на сите членови од првата комисија на ДЗСИ и втората како стручен инспекциски надзор поточно сите членови до еден јавно со име и презиме да излезат пред една од националните телевизии и да дадат одговори за сите нејаснотии околу случајот со Јана. Да одговорат на сите поставени прашања во програма која ќе оди во живо и ќе има телефонска линија каде секој кој сака од стручната и нестручната јавност да постави прашања до било кој од нив. Семејството и јавноста имаат право да ја знаат вистината за да се потврди веродостојноста во нивните искази. Ние цврсто стоиме на овај став и араме итен одговор кога тоа би се случило“, рече Игор Петковски, кум на Јана на вечерашниот протест во Битола.













