ТЕРА

REKLAMA???

ПОГОЛЕМ ИНТЕРЕСОТ ЗА КЛИМИ, ОТКОЛКУ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ

Близу 300 апликации за инвертер клими Општина Битола не ги разгледала, се потрошиле средствата.  130 се на прелиминарната листа. Ова е резултатот од повикот за субвенции кој општината го имаше објавено.

Прелиминарните листи од јавниот повик, објавени се на интернет страницата на Општина Битола. Незадоволните апликанти имаат право да поднесат приговор во рок од 3 дена по објавувањето на прелиминарната листа до Комисијата.

Средствата што ги надоместува општината се во вредност од 50 проценти од вкупната цена на чинење на уредот, но не повеќе од 25.000 денари.

Вториот повик беше за велосипеди, а насловот би бил уште 114 граѓани ќе можат да возат по новите велосипедски патеки, секако откако ќе бидат направени.

Вкупниот буџет за ова е 1 милион денари, а средствата што ќе ги надоместува општината се во висина до 50 проценти од цената на велосипедот, но не повеќе од 5000 денари.

Денеска едни ќе се бараат на листите, а други ќе гледаат кој добил и дали има звучни имиња.