ТЕРА

REKLAMA???

ПОЕВТИНУВААТ НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 109,00 ден/лит и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува исто така 109,00 ден/лит. 

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 111,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 107,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,986 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 53,305 ден/кг. 

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 109,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 111,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 109,00 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 107,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 53,305 (денари/килограм)