ТЕРА

REKLAMA???

ПОЕВТИНУВАЊЕ НА НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ

Maлопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,47%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 93,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 96,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 96,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 91,00 ден/лит. 

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,806 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 49,189 ден/кг. 

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 93,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 96,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 96,00 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 91,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 49,189 (денари/килограм)