На седницата на 27.12.2022 по предлог на ЈП Паркинзи беше донесена одлука со која се изменува ценовникот за паркинг услуги со кој голем дел од услугите во јавното паркирање на отворените паркиралишта поевтинуваат, информираат од ЈП Паркинзи.
Промените се однесуваат на нови карти од 3 часа и намалување на дневните карти во зоните А и Б.
Зона А од 55 денари за 3 часа , се намалува на 40 денари.
Зона Б од 40 денари за 3 часа , се намалува на 30 денари
Дневна карта за А и Б зона
Зона А од 250 денари се намалува на 150 денари
Зона Б од 200 денари се намалува на 130 денари.
Се укинува за сите зони бесплатни 15 минути за јавните паркиралишта од отворен тип.
Оваа одлука влегува на сила од добивањето на согласност од Совет на Општина Битола , а почнува да се применува на 01.02.2023та по процесот на имплементација на промените, се вели во информацијата на ЈП Паркинзи.












