ТЕРА

REKLAMA???

ПОЖАРОТ НАД ПРИЛЕП ПОД КОНТРОЛА, СПАСЕН Е МАНАСТИРОТ

Според информацијата на Центарот за управување со кризи пожарот над Прилеп во голем дел е ставен под контрола.

„Доцна во ноќта е спасен и манастирот, во комуникација со командирот на ТППЕ Прилеп известени сме дека во моментот позади сртот на Маркови кули пожарот е поделен во два крака, ќе направат напори да го стават под контрола и изгаснат. Има доволен број на луѓе на терен, а воздушна подршка во моментот не е потребна“ информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Фото: 29.07.2024