ТЕРА

REKLAMA???

ПОМОШ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ ГРАЃАНИ И ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ СО НИСКИ ПЕНЗИИ

Никого нема да оставиме сам да се справува со последиците од економско-енергетската криза, оваа криза ќе ја пребродиме сите заедно, порача на денешната прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски. Премиерот Ковачевски го презентираше новиот пакет антикризни мерки во вредност од над 350 милиони евра.

„Донесовме нов сет на мерки за справување со енергетската и ценовната криза вреден над 350 милиони евра за кои економскиот импакт се очекува да уште биде поголем. На овој начин, со мерките кои ги донесовме во текот на 2022 година, вкупниот пакет на антикризни мерки изнесува досега 750 милиони евра. По длабоки и долги консултации со експертите, со претставници на работодавачи, на здруженија на пензионери, со претставници на Стопански комори инсистирав да делуваме на повеќе нивоа за да може буквално сите да бидат опфатени“ рече Ковачевски.

Премиерот кажа дека усвоиле таргетирани мерки кои ќе бидат поддршка за најранливите граѓани, што од друга страна е и препорака на меѓународните финансиски институции.

„Со овој сет антикризни мерки пред сѐ обезбедуваме по 3.000 денари месечно, во наредните 4 месеци или вкупно 12.000 денари за скоро 42.000 граѓани. Тука спаѓаат лица кои користат право на социјална сигурност, лица кои го користат правото за попреченост, родители на децата со попреченост до 26 годишна возраст кои користат право на посебен додаток, лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице, лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, самохрани родители корисници на ГМП, како и невработени лица корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок односно стечајни работници согласно Законот за материјално обезбедување). За оваа мерка вкупно се издвоени над 8 милиони евра.

Директна финансиска поддршка од вкупно 6.000 денари во наредните 4 месеци (1.500 денари месечно) има и за пензионерите кои земаат до 11.525 пензија, а тоа се над 91.600 пензионери наши сограѓани. Воедно, директна финансиска помош од вкупно 3.000 денари обезбедивме за пензионерите кои земаат пензија од 11.525-14.000 денари, односно над 66.000 пензионери. За оваа мерка, за нашите пензионери издвоивме над 12,2 милиони евра“ соопшти премиерот.

Во овој сет на мерки се обезбедува и поддршка на јавни, образовни и здравствени установи, кои од слободен, ќе бидат префрлени на регулираниот пазар на електрична енергија и снабдување на јавните здравствени установи со електрична енергија преку продажба од ЕСМ по далеку поповолна цена од пазарната цена.

„Секако не го забораваме и приватниот сектор – микро, малите и средни компании, тие се нашиот столб.

Го прошируваме опсегот на компании кои се корисници на кредитно – гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка, преку олеснување на критериумите за аплицирање за обезбедување на обртни средства за што се предвидени околу 5 милиони евра.

Обезбедуваме директна кредитна линија за поддршка на ликвидноста на микро, мали и средни трговски друштва (согласно тековната состојба) како и ТП, занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход);

Овозможуваме забрзан и зголемен поврат на ДДВ со помалку од 30 дена за поврат на ДДВ за што се одвоени вкупно скоро 160 милиони евра“ рече меѓу другото претседателот на Владата.