Променливо облачно од пладневните часови на повеќе места, особено во источните и југоисточните подрачја нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите беа поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и ретка појава на ситен град (Струмица, Штип, Виница, Кочани, Берово, Делчево).
Нешто после 17 часот поизразена нестабилност има во подрачјето на Велес и Битола, силни врнежи и електрични празнења.
До крајот на денот променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.
Времето утре променливо облачно, на повеќе места особено попладне и во вечерните часови нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. Во Битола до 27 степени.












