Во Битола денеска максималната температура беше 33 степени. Наврнаа 8 л/м2 дожд
Попладнево поинтензивна нестабилност имаше во Мариовско, која се задржа подолго време и од појави имаше пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град. Подоцна слична временска состојба имаше и во Пелагонија.
До крајот на денот и во раните вечерни часови сеуште на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. До полноќ атмосферата целосно ќе се стабиолизира.
Утре претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
До петок во попладневните часови ќе има честа појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Дневните температури постепено ќе опаѓаат.
Ова е снимка од денеска околу 16:00 часот направено во Кравари.












