ТЕРА

REKLAMA???

ПОРИБЕНА АКУМУЛАЦИЈАТА СТРЕЖЕВО СО 6 ИЛЈАДИ ЕДИНКИ КРАП И ПАСТРМКА

Денес министерот, Љупчо Николовски, заедно со директорот на ЈП “Стрежево“ – Битола, Методија Граматковски , учествуваа во порибувањето на водите на акумулацијата Стрежево со 1.000 единки подмладок од крап и 5.000 единки подмладок од пастрмка, како дел од активностите за зачувување и заштита на животната средина, спречување на еколошки проблеми и зачувување на биодиверзитетот. Локацијата на порибувањето беше браната “Стрежево” (крајбрежниот појас во близина на Командната зграда и Шахтниот преливник на акумулацијата “Стрежево”).Ние како ресорно министерство, постојано се грижиме за одржување на рибниот фонд во езерските и речните води на територија на целата држава, водејќи грижа за континуирано унапредување на рибараството и аквакултурата во држававa,рече министерот Николовски.

„Денеска сме овде, да го одбележиме моментот на порибување на водите на акумулацијата Стрежево, со подмладок од крап и пастрмка. Во водите на акумулацијата ќе бидат пуштени  1.000 единки подмладок од крап и 5.000 единки подмладок од пастрмка, како дел од редовните активности и обврски на концесионерот ЈП Стрежево правилно да управува со водите и да се грижи за рибниот фонд.Концесионерот ЈП Стрежево во досегашниов период ја оправда довербата за управување со водите на акумулацијата. Тие успешно се грижат за зачувување на рибниот фонд, преку редовно порибување. Одговорно управуваат и стопанисуваат со акумулацијата Стрежево, која е од големо значење за жителите на овој регион, а особено Хидросистемот Срежево со кој се наводнуваат околу 5000 хектари обработливо земјоделско земјиште. Истовремено преку овој хидросистем се снабдува со сирова вода системот за водоснабдување на градот Битола и околните населби и се произведува електрична енергија од 5 мали хидроцентрали. Акумулацијата Стрежево како дел од овој хидросистем, претставува рекреативна зона каде во убавата природа уживаат жителите на околните места, но и спортските риболовци.
Ние како ресорно министерство, постојано се грижиме за одржување на рибниот фонд во езерските и речните води на територија на целата држава, водејќи грижа за континуирано унапредување на рибараството и аквакултурата во државава. Неодамна успешно завршивме проект финансиран од ЕУ „Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија“. Придобивките на проектот се значајни не само за МЗШВ, туку и за целата држава, бидејќи со резултатите на проектот, одиме чекор понапред во усогласувањето на нашето законодавство со законодавството на ЕУ за Поглавје 13-Рибарство, а со тоа и чекор понапред кон нашата стратешка цел – членство во Европската Унија.Со конкретните резултати кои произлегоа од одвој проект како што се  Законот за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата, Правилниците кои произлегуваат од истиот, подзаконските акти за заедничкото уредување на пазарите, како и за следливоста на производите од рибарство и аквакултура, овозможуваме хармонизација на нашата законска рамка со европската и унапредување на рибарството и аквакултурата во државава.Со ваква заедничка посветеност, ние како надлежна институција и концесионерот од друга страна, придонесуваме заедно за развој не само на рибарството, туку и на акватуризмот преку спортски и рекреативен риболов, заштита на животната средина и биодиверзитетот, заштита на земјоделското производство и подобрување на климата и условите за живот на граѓаните од Битола и регионот“, изјави министерот за земјоделие Љупчо Николовски.

Порибувањето се реализираше со сопствени финансиски средства со подмладок од крап  со единечна маса од 50-800 грама и пастрмка со единечна маса од 10-70 грама. Подмладокот потекнува од регистрираниот репроцентар Акватика-Неготино.

“Јавното претпријатие Стрежево со сопствени средства обезбеди подмладок од вкупно 6.000 единки  кои денеска ги пуштивме во водите на Стрежево. Ние како концесионер, постојано се грижиме за одржување на рибниот фонд во акумулацијата Стрежево. Со тоа овозможуваме одржување и зголемување на популацијата на риби, а воедно тоа значи и зачувување и заштита на автохтони (домородни) и загрозени видови на риби, како и грижа за нивната видова разновидност, старосна структура и бројност“, изјави директорот Граматковски.

Стрежево плански управува со рибите во акумулацијата, овозможува трајно користење на рибите преку одржлив развој на рекреативниот и спортски риболов, како и развојот на аквакултурата, рече Граматковски.

Во рамките на денешната посета на Стрежево, министерот Николовски оствари работна средба со директорот на претпријатието Методија Граматковски. Покрај развојот на рибарството и аквакултурата, неизбежни и клучни теми беа преземените мерки за престојната сезона за наводнување, користењето и одржувањето на Хидросистемот Стрежево, како и улогата на претпријатието како значаен чинител врз развојот на квалитетно и квантитетно земјоделско производство.Стрежево го продолжува успешно трасираниот пат со фокус кон квалитетот  и унапредувањето на состојбите со водата како медиум на животната средина и подобрување на квалитетот на услугите во сите сегменти на работењето на претпријатието.