ТЕРА

REKLAMA???

ПОСЛЕ 30 ГОДИНИ СЕ ПОМЕСТУВА ТРАНСПОРТНИОТ ЈАГЛЕНОВ СИСТЕМ

Во рудникот Суводол на РЕК Битола во тек се активности кои се прават првпат по 30 години.Транспортниот систем се поместува после скоро 30 години за да обезбеди сигурен и континуиран дотур на јаглен за Термоелектраната, рече на последната пресконференцијата директорот на РЕК Битола Пеце Матевски. 

„Започнавме со една од најголемите операции во рудници каде имаме поместување односно трансформација на јагле новиот систем по 30 години. Со ова ќе имаме можност да дадеме работа на нашите багерски единици, па ќе имаме поголема откривка и поголем ископ на јаглен“, изјави Матевски.

Предвидено е ремонтните активности да траат околу 20 дена.

„Правиме ремонт на јагленовиот систем кој повеќе од 20 години се наоѓа на оваа позиција со стари чланци со стара опрема.Таа е изработена со помош на ФОД и наши сили , наши сртедства се одвоени и механизација. Се прави голема работа која ќе дава резултат во следните пет до шест години , непречено ископ на јаглен и јаловина и со тоа ќе се снабдува непречено темоцентралата за проиозводство на електрична енергија.Во оваа фаза потрошени се околу 5 милиони евра сопствени средства за изработка на траси, нови чланци, понтони, а ќе се обезбедат и нови траки за системот“, вели директорот на Рудници Димитар Петковски.

На депонија има над 300.000 тони јаглен, но директорот Матевски вели дека квалитетот не е ист како порано. 

Воедно во тек е ремонт на првиот блок , а потоа ќе следува ремонт и на вториот блок.