ТЕРА

REKLAMA???

ПОСТАВУВАЊЕ ОЗНАКИ ЗА ДОМАШНИТЕ ПРОИЗВОДИ

Поддршката на кампањата „Македонско најдобро” е резултат на работа, визија и поттик да се купуваат македонски земјоделски производи и да се придвижи домашната економија, вели министерот за земјоделие Цветан Трипуновски.

Кампањата има јасна мисија – да им се даде препознатливост на македонските земјоделци и нивните квалитетни производи.

„Целта е да му се даде епитет на македонскиот земјоделец за производство на високо квалитетни македонски земјоделски производи. Дополнителен ефект кој го очекуваме е да им помогнеме на македонските компании кои вршат преработка на домашни земјоделски производи”, објасни министерот.

Маркетите деновиве на рафтовите треба да ги постават означувачите за македонските производи кои на граѓаните ќе им овозможат веднаш да ги разграничат од увозните и многу полесно да го направат својот избор доколку сакаат да купат наши производи.

Како што информира министерот Цветан Трипуновски, во тек е и регистрацијата на платформата makedonskonajdobro.mk преку која производителите ќе ги промовираат свежите земјоделски производи, а преработувачите автентичните македонски преработки, додека компаниите ќе ги означат локациите на своите продажните центри.