Пронајдени се двете лица кои беа исчезнати на падините од карпа на Шар Планина во реонот кај Титoв Врв, информираат од Центарот за управување со кризи.
„Од страна на раководителот на РЦУК Тетово сме известени дека комаднирот од Специјалната единица на МВР кој во текот на спасувачката акција се здоби со тешки телесни повреди е извлечен од местото на настанот и моментално со возило е упатен Клиничкиот центар. Второто пронајдено лице е починато и истото сеуште се наоѓа на местото на настанот. За истото да биде пренесено ќе треба претходно да се извршат соодветни процедури“ стои во информацијата на ЦУК.
Настанот бил пријавен на 112 и хронолошки се развива како спасувачка акција кога едниот од двата планинара прво пријавува дека на Титов Врв, во реон 500 м подолу, со неговиот другар оделе кон викендица и се изгубиле. На другарот му се слошило и бил во лоша здравствена состојба, па побарал помош итно да се реагира.












