ТЕРА

REKLAMA???

ПО ДЕВЕТИ ПАТ СЕ ОДРЖА ПРОТЕСТ ПРОТИВ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ

Под мотото „Ултиматум, не благодарам“ синоќа пред Владата по девети пат се одржаа протести против францускиот предлог. На плоштадот Скендербег во Старата Чаршија имаше засилено полициско присуство, а МВР апелираше до организаторите на протестите да се воздржат од поттикнување инциденти.

Учесниците предводени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Левица со македонски знамиња и транспаренти од Владата се упатија кон Министерството за надворешни работи, а крајна дестинација е Собранието.  Пред собранието се слушаа патриотски песни и скандирања: „Оставка“, „Никогаш Северна, само Македонија“ и „Македонија“, а меѓу учесниците беше и  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и пратеници, градоначалници и високи функционери од оваа партија.

Мицкоски смета дека тоа што протоколот се уште не е објавен и не се знае што тој содржи говори за, како што рече, тоа дека власта повторно на шверцерски начин да го протурка францускиот предлог.

-Протоколот се уште не е на дневен ред, ниту пак некој знае што се вклучува тој протокол кој што е суштински документ. Сето останато е парада и, би рекол, одреден вид атракција и забава за тие коишто ова го поддржуваат. Суштината е протоколот. Протоколот ниту е доставен, ниту пак мислам дека ќе го достават, затоа што планираат на шверцерски начин да го протнат сето ова, како што впрочем така прават изминативе пет години – рече Мицкоски во изјава на вечерашниот протест против францускиот предлог.

Во врска со обраќањето на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен пред пратениците, тој истакна дека секој гостин што ќе дојде од надвор е добредојден, но, оти се надева дека таа ќе ги слушне мислењата и на пратениците кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ кои, како што рече, се од нејзина сестринска партија.