Непосредно по објавувањето на резултатите од претседателските избори, неколкуте стотици демонстранти, протестираа против реизборот на Емануел Макрон во неколку градови во Франција, обележани со инциденти во Рен, како и во Париз.
Набргу по објавувањето на победата на Макрон над Марин Ле Пен, во Рен, околу 250 луѓе се собраа под транспарентот: „Она што нема да го поминеме низ гласачките кутии, ќе го добиеме преку улица“. Собир одржан и покрај забраната и воочливо големо полициско присуство. Демонстрантите запалија неколку канти за ѓубре, принудувајќи ги пожарникарите да интервенираат три пати, според префектурата која ги забрани демонстрациите.
Полицијата употреби солзавец во близина на каналот што го минува Рен.
Во центарот на Париз, 250 до 300 демонстранти, протестирааа со извици, особено „Оди си Макрон“, понекогаш судирајќи се со полицијата која ги напаѓаше.

Во центарот на Нант, поворка од околу 400 до 500 луѓе тргна зад транспарент со натпис „Потреба од револуција“. Во Тулуз, околу 500 луѓе исто така учествуваа на демонстрациите чиј слоган беше „Ни Макрон, ниту Ле Пен, револуција“.

Француската полиција синоќа уби две лица и тешко рани трето лице во центарот на Париз откако тие со автомобил возеле со поголема брзина и не застанал по предупредувањето од полицајците.
Полицијата заради игнорирањето на предупредувањето да застане автомобилот, била принудена да реагира и да пука кон возилото.
Инцидентот се случил недалеку од музејот „Лувр“.
Инцидентот се случил по полноќ односно неколку часа по собирот во центарот на Париз по повод реизборот на Емануел Макрон на кој присуствуваа неговите поддржувачи, а тој имаше и говор.












