ТЕРА

REKLAMA???

ПО САНИРАЊЕ НА ДЕФЕКТОТ НА „ДРАГОРСКА“ ВОДАТА ДА СЕ КОРИСТИ САМО КАКО ТЕХНИЧКА

Од битолски „Водовод“ информираат дека при изведба на градежни работи направен е дефект на водоводната мрежа на ул.„Драгорска“.

Понатаму велат дека ЈКП„Водовод“ во рамките на своите активности и обврската да испорачува безбедна вода за пиење презеде активности за  т.н. перење на линиите од водоводната мрежа кои се опфатени со настанатиот дефект.

Ги известуваат граѓаните кои живеат на улиците од населба Баир, ул. „Мукос“, ул. „Девејани“ , ул. „8-ма“ и сите кои во текот на денешниот ден 12.07.02023 немаа вода, после нормализирање на состојбата и добивање на вода во нивните линии, водата да ја користат само како техничка вода.

ЈКП„ Водовод“ ќе изврши испитување на водата и после добиените резултати ќе излези со соопштение.

„Водовод“ со цистерна ги снабдува жителите од тој регион со вода за пиење.