ТЕРА

REKLAMA???

ПРАВИМЕ СЕ ДА ИМА БЛАГО ПОКАЧУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА

Генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски вели дека сме една од ретките земји во регионот во која што немаше рестрикции со електрилната енергија и намалена испорака. Тој кажа дека во изминатите денови Управниот одбор, а претходно и со владата имале консултации за второто полугодие. До крајот на овој месец треба да учествуваат на тендерот на ЕВН Хоум, до 24 јуни, за периодот од 1 јули до 31 декември.

„Очекуваме со капацитетите со кое располагаме, еве вчера колегиумот на РЕК Битола, останатите производни капациети, Управниот и Надзорниот одбор да ги вложиме сите максимални напори како компанија да успееме и во втората половина на годината и покрај сите потешкотии кои што се на светските пазари, особено во европските земји, да ја произведиме потребната количина енергија за ЕВН Хоум која што во второто полугодиие од оваа година ќе биде некаде за 20-тина проценти повисока од предвидената, затоа што имаме зголемена потрошувачка на електрична енергија во делот на регулираниот пазар, затоа што голем дел од општините преминаа, иако законот тоа го дозволува, но не е коректно и морално тоа да го прават, да одат на регулираниот пазар каде што се троши енергија за граѓаните, зголемена потрошувачка има и од малите компании кои што преминуваат на регулираниот пазар, се со цел да имаат пониска цена и ние ке успееме и јас ве уверувам дека ЕСМ ќе биде подготвена во второто полугодие на годината да ги произведе потребните количини енергија, не само за ЕВН Хоум, туку и дополнително да обезбедиме енергија за ЕВН Електродистрибуција, за МЕПСО, па и за дел од институциите во државата кои што во овој период силно го трпат ударот од високите цени на отворениот пазар, за да може да го ублажиме ударот кај некои од министрството, посебно кај министерството за труд и социјална, за гардинките, за образованието, за училиштата и за сите институции кои што е неопхдно да ја имаат оваа електрична енергија“, вели Ковачевски.

Додаде дека во моментов ги прават пресметките за цената за електричната енергија.

„Она што го правиме во моментот е да ги намалиме значително за дополнителни 15 проценти трошоците во второто полугодие на годината, но исто така да го зголемиме и производството за дополнителни 20 проценти, затоа што побарувачката на енергија ќе биде значително поголема, со оглед на тоа дека најверојано оваа енергетска криза ќе потрае, можеби затоа што ќе потрае и воено-политичката криза која што е во оклината, здравствената криза, кризата со храна и ткн. ние ќе успееме да постигнеме значително пониски цени за да можеме на крајот да овозможиме ЕВН Хоум кај регулаторот да побара, односно да добие цена која што ќе биде со некое благо покачување на цената за граѓаните и повторни ние како компанија уште еднаш да покажеме општествена одговорност, граѓаните да не почувствуваат значително зголемувае на цената на електричната енергија“ вели тој.