ТЕРА

REKLAMA???

ПРВА НАГРАДА ЗА АНДРИЈАНА ЈАНЕВСКА ВО САД

Поп-пејачката и професорка по виолина, Андријана Јаневска го освои првото место на натпреварот организиран од ЗАДА рекордс (САД). На овој натпревар се избираше најдобар пејач и пејачка од цел свет во минатите неколку месеци.

Веста ја сподели и Јаневска која вели: „Чест ми е да ве известам дека го освоив првото место на натпреварот организиран од ЗАДА рекордс (САД). Ви благодарам на сите кои ме поддржавте“.

Андријана во моментов е актуелна со песната „Ми заплакало селото Ваташа“ која ја снимија заедно со Игор Џамбазов. Песната ја отпеале повеќе домашни интерпретатори, а оригиналот е изведен од Никола Бадев во 1975 година.