ТЕРА

REKLAMA???

ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС НА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ НА БАС

Бизнис академија Смилевски – БАС синоќа започна со новата генерација студенти на постдипломските студии, на студиската програма по Стратегиски менаџмент, во академската 2022/23.

Постдипломските, специјалистички студии по стратегиски менаџмент се наменети за сите оние кои се гледаат себеси на врвна менаџерска позиција (топ-менаџмент) или пак се сопственици/идни сопственици на бизнис на кои им се потребни дополнителни компетенции за успешно водење на бизнисот.

Преку студиската програма по стратегиски  менаџмент студентите ќе научат успешно да: планираат, организираат, делегираат и контролираат процеси, активности и луѓе. Ќе развијат бројни истражувачки вештини за анализа на пазарот и опкружувањето, изработка на деловна стратегија, планирање и организирање на продажба, менаџирање со човечки ресурси, финансии  и сл.

Во новата академска година на БАС, бројот на запишани студенти е максимален, односно целосно исполнет капацитет од 42 студенти, кои ќе имаат можност да се стекнат со меѓународно призната диплома.

На новата генерација постдипломци во името на основачите на БАС им се обрати проф. д-р Цветко Смилевски, потоа заменик директорката проф. д-р Гордана Тасевска, менаџерот за развој   проф.  д-р Тони Соклевски, како и дел од наставниот кадар.

Поради мобилноста на луѓето низ целиот свет, согласно нивните професионални или приватни потреби, БАС им овозможува на своите студенти да студираат и на далечина од било кое место во светот и да добијат диплома која е меѓународно призната.