Во четвртото коло од Втората фудбалска лига, Пелистер го претрпе првиот пораз. Битолчани загубија на домашен терен од Гостивар со 1-3 (1-2). Пелистерци први поведоа со голот на Сашко Дуков од пенал во 26. минута од натпреварот, а потоа дојде до резултатски пресврт и Гостивар со головите на Калановски и Рамадани на одмор замина со 1-2.
Во второто полувреме фудбалерите на Пелистер се обида да дојдат до израмнување, но гостите се одбранија и постигнаа и трет гол, преку Велинов, за победа од 1-3 во Битола
Пелистер во рамките од првото коло од Купот на Македонија в среда му гостува на истиот ривал, екипата на Гостивар.












